Page 40 - su_klimentohridski
P. 40
Основно Училиште Ј<лимент Охридски " - Прилеп
Во секцијата млади техничари членуваат ученици кои сакаат да си
ги прошират своите знаења повеќе од она што го учат на часовите по
техничко образование. Во оваа секција ги има: млади резбари, астро-
номи, астронаути, агротехничари, метеоролози, електромашинска техни-
ка и др.
За работата во текот на годината изработуваат посебни програми.
Оваа секција, млади техничари, е секција преку која може да се ви-
ди афинитетот на учениците за нивното понатамошно школување. Но се-
пак, покрај нивната упорна работа да научат нешто ново, се среќаваат и
со други проблеми. Тие се состојат во немањето доволно материјал за
работа, а и доколку го има, училиштето нема посебни средства за таа
намена, па се снаЈДуваат сами, секој спрема своите можности.
И покрај сите потешкотии, тие работат успешно. Нивната работа се
гледа на учеството на натпреварите во рамките на Олимпијадата на зна-
ења. Учествувале на сите и освоиле голем број награди: диплома, приз-
нанија како на општинско така и на републичко ниво.
Фискултурните и спортските активности доаѓаат до израз во текот
на целата година, бидејќи се одржуваат натпревари по определени.
спортски дисциплини. За секој Патронат на училиштето организираат
турнир на кој учествуваат екипи од друтите основни училишта.
Учествувале на сите спортски манифестации и натпревари органи-
зирани во рамките на општината и пошироко. Порано се организираа
кросеви во природа на општинско и републичко ниво. Редовно учествуаа
на нив и секогаш освојуваа некое од првите три места.
Во далечната 1977/78 година на разни натпревари освоиле 12 дип-
ломи за освоено прво, второ и трето место.
Во последниве неколку учебни години на општинско ниво ги освоиле
овие места:
- во учебната 2005/06 година прво место освоиле женските екипи
во мал фудбал и кошарка,
- 2006/07 година прво место освоиле машките екипи во кошарка за
петто, шесто и седмо одделение.
Освојувани се награди и во другите спортски дисциплини.

