Page 42 - su_klimentohridski
P. 42

Основно Училиште „Климент Охридски“ - Прилеп

       вајќи за личната хигиена на учениците, за хигиената во училницата, учи-
       лиштето и училишниот двор. Секоја година се читаат предавања, или
       пак држат часови, од страна на медицинки лица за штетното влијание на
       алкохолот, тутунот, посебно дрогата, сидата, туберккулозата, разните
       настинки и други штетни влијанија врз здравјето на учениците.

               Од учебната 1983/84 година за првпат во училиштата, од страна на
       Медицинскиот центар „Борка Талески" од Прилеп, е отворена стома-
       толошка амбуланта со лекар стоматолог и медицинска сестра. Прв
       стоматолог што почна со работа во амбулантата беше стоматологот др.
       Бонка Башеска и медицинската сестра Десанка Велкоска. По замину-
       вањето во пензија на др. Бонка Башеска и медицинската сестра Десанка
       Велкоска, во пензија, на нивно место доаѓаат стоматологот др. Елиза-
       бета Чешлароска Митреска и медицинската сестра Весна Гагалеска,
       која во оваа амбуланта работи до јуни 2005


                                                         Стоматологот др. Елизабета Чешла-
                                                 роска Митреска е родена 1962 година во
                                                 Прилеп. Завршила гимназија, а потоа Сто-
                                                 матолошки факултет во Скопје. По завршу-
                                                 вањето на факултетот се вработува во Ме-
                                                 дицинскиот центар „Борка Талески“ во При-
                                                 леп. Во училишната амбуланта работи од
                                                 21 јануари 1993 година.
                                                         Стоматологот др. Елизабета Чешла-
                                                 роска Митреска работи во стоматолошката
                                                 амбуланата во училиштето во кое што
                 ' Ч
                                                 завршила основно образование,
                                                        Според зборовитге на др. Елизабета,
                                                 основната функција на стоматолошката ам-
               ■ч;                               буланта во училиштето е да врши контину-
                . -V
                                                 ирани стоматолошки прегледи на забите на
      учениците во текот на целата учебна година. Освен тоа работи и на
      здравствена едукација на учениците. Се организираат предавања за
      здрава храна, лична хигиена и правилно одржувње на оралното здравје.
             Во училишната стоматолошка амбуланта од 31 јануари 2005 година
      од страна на Медицинскиот центар „Борка Талески" од Прилеп, испратен
      е уште еден стоматолог и медицинска сестра: др. Весна Пацаноска и
      Билјана Дамческа.
   37   38   39   40   41   42   43   44   45   46   47