Page 44 - su_klimentohridski
P. 44

Основно Училиште ,Климент Охридски' - Прилеп

                   ЈАВНА И КУЛТУРНО - ПРОСВЕТНА ДЕЈНОСТ

                                             НА УЧИЛИШТЕТО


                За разлика од другите елементи на воспитно — образовната работа,
        јавната и културно — просветната дејност на училиштето пртставува де-
        јност која има за задача да ги презентира резултатите од својата работа
         во средината, но и надвор од неа, преку разновидни форми на настапу-
         вање.
                Сите активности на јавната и културно - просветна дејност на учи-
        лиштето се планираат, програмираат и реализираат согласно со услови-
        те, можностите и потребите во зависност од степенот на развиеноста на
        училиштето.
                Во текот на учебната година, по правило по завршувањето на по-
        лугодието и крајот на учебната година, училиштето поднесува извештај
        за својата работа пред сампуправните органи на училиштето, порано
        пред Работничкиот совет на училиштето, а сега пред Училишниот одбор
        и пред Советот на родители. Исто така тие извештаи за работата на учи-
        лиштето и успехот на учениците се разгледуваат и на родителските
        средби, организирани по паралелки, каде што одделенските раководи-
        тели поднесуваат посебен извештај, секој за својата паралелка. По раз-
        гледувњето се донесуваат и одредени заклучоци за подобрување на ус-
        пехот и отклонување на некои, евентуално, лоши појави кај учениците.
               Во текот на годината училиштето организира културно - уметнички
        прослави. Прку нив тоа ги презентира своите достигања од областа на
        слободните ученички активности и со тоа придонесува за издигањето на
        културното рамниште на учениците, но и на населението на реонот на
        кој што делува училиштето. Тие културно-уметнички приредби имаат
        пригоден карактер и се организираат по повод значајни настани. Така за
        секој Патронен празник на училиштето, 8 Декември, учениците од сло-
        бодните ученички активности за своите родители, приредуваат пригодна
        програма. Со пригодни програми, учениците од слободните ученички ак-
       тивности секоја година пред своите соученици се претставуваат за одре-
       дени прослави, значајни денови и јубилејни прослави. Така например, со
       пригодни програми се одбележувани, во поранешната СФРЈ, 29 Ноември
       -  Денот на републиката, 22 Декември - Денот на ЈНА, како и тогаш така и
       сега 11 Октомври - Денот на востаниетот на македонскиот народ, 8 Март
       -  Денот на жената, 1 Мај - Денот на трудот, 24 Мај - Денот на просветата
       а во поново време, по осамостојувањето на Македонија го прославуваме
       8 Септември - Ден на осамостојувањето на Македонија. Покрај досега
       наброените празници, ги празнуваме и одбележуваме уште и овие верс-
       ки празници: Божиќ и Велигден. Нова година се одбележува на тој начин
       што учениците од секоја паралелка ги украсуваат своите училници, а
       исто така се организираат и мали закуски од страна на самите ученици.
              Покрај горе наведените прослави, се организираат смотри, натпре-
       вари и изложби.
              Секоја година од страна на Советот за грижи и воспитување на де-
       цата од Прилеп, за основните училишта, организираше така нараечени
       порано, Пионерски смотри, а сега детски, ученички натпревари.

      ш
   39   40   41   42   43   44   45   46   47   48   49