Page 45 - su_klimentohridski
P. 45

45 години постоење и развој, (1962/63 - 2007/2008)

               Училиштето редовно учествуваше и учествува на тие смотри со
        своја програма што ја подготвувааат учениците од културно-уметничките
        активности: литературната, рецитаторската, драмската, играорната сек-
                                                                                                       земаат
        ција, но и секциите по музичко воспитување. Во таа програма
        учество, со свои точки, и учениците од нижите одделенија. Долги години
        овие смотри имаа натпреварувачки карактер. Редовно на смотрите учи-
        лиштето освојуваше и награди, како во поединачни точки, така и со це-
        локупната програма. Овие смотри се одржуваа во Домот на културата
        „Марко Цепенков“, или пак во Народниот театрар „Војдан Чернодрински“
        - публика беа родители на учениците и граѓани.
                Покрај смотрите, учениците од слободните ученички активности,
        учествувааа и учествуваат на разни литературни и ликовни конкурси,
        литературни читања организирани од други организациии, или пак, па-
        трони празници на основните училишта од градот. Од учеството на овие
        манифестации редовно се добивани награди. Учениците, членови на
        слободните активности за здобивање со нови знаења, учествувале на
        сите натпревари организирани од Народна техника и движењето „Наука
        на младите“ под „Освојуваме нови знаења“ и „Олимпијади н а знаењата“.
        И од овие натпревари се освојувани награди, а има и ученици кои уче-
        ствувале и на сојузните натпревари во поранешната СФРЈ.

               На натпревари: локални реонски и државни учествувале и ученици-
        те од хорот, хармоникашкиот оркестар, секцијата по прва помош и заш-
        тита, групата млади пожарникари, спортските секции и техничките сек-
        ции. Сите тие ја презентирале јавната и културно-просветната дејност на
        училиштето. За сите нив поопширно во делот за слободни ученички ак-
        тивности.

               Како погодна форма за презентирање на постигнатите резултати
        на полето на јавната и културно-просветна дејност на училиштето, прет-
        ставуваат и организираните изложби на ликовни творби на учениците од
        ликовната секција што се приредуваат на училиштето по повод Патро-
        натот, или пак, за 24 Мај Денот на просветата.
               Учеството на разните културно-воспитни акции како: Месец на кни-
        гата,   акциите за борба против разните зависности: ракот и туберку-
        лозата     и сообраќајно-воспитните акции претставуваат дел од јавната и
        културно - просветна дејност на училиштето.

               Покрај досега наброените активности, учениците од училиштето се
        натпреварувале и во убаво уредување на излози во некои продавници
        во грдот. Така во 1968 година, за нова година, за убаво уредениот                                 излог
        училиштето е наградео со прва награда и паричен износ од 30 илјади ди-
        нари. Се организираа и карневали на кои настапуваа и основните учи-
        лишта. Во 1970 година училиштето беше наградено со прва награда за
        учество во карневалот и паричен износ во вредност од 50 илјади ди-
        нари.
               Освен доссега наброените активности                        што ги спроведувало учи-
        лиштето во јавната и културно - просветната дејност, во овој дел ќе ста-
        не збор и за соработката на училиштето со други училишта од републи-
        ката, а порано и во СФРЈ, како и со други организации                                    на ниво на
        општина.
   40   41   42   43   44   45   46   47   48   49   50