Page 47 - su_klimentohridski
P. 47

45 години постоење и развој, (1962/63 - 2007/2008)

                Освен соработката на училиштето со горе споменатите училишта,
         тоа соработуваше и со некои организации на ниво на општина. Така по-
         рано соработуваше со војниците од Гарнизонот „Мирче Ацев“ од Прилеп.
         Соработката состоеше во организирање на литературни читања, орган-
         изирње на игранки, како и изведување на заеднички акции за пошуму-
         вање.
                Учениците од училиштето соработуваа и со Старскиот дом во При-
         леп. Пред станарите на Домот учениците приредуваа програми по повод
         некој празник.
                Во учебната 1983/84 година од страна на СИЗ-ОТ за основно обра-
         зование на општина Прилеп, на училиштето му беше доделена значка
         Кирил и Методиј за постигнатите резултати во наставно - воспитната ра-
         бота, како и за постигнатите резултати на сите полиња од животото и
         работата на училиштето.
                Во последниве неколку години како дел од јавната и културно -
         просветната дејност на училиштето претставува и издавањето на уче-
         ничкиот весник „Климентов зрак“ што го уредуваат ученици и настав-
         ници. Во него се презентираат постигањата на училиштето, се печатата
         творби од учениците и се друго што претставува постигаање на планот
         на наставно-воспитната дејност на училиштето.
   42   43   44   45   46   47   48   49   50   51   52