Page 48 - su_klimentohridski
P. 48
Основно Училиште ,Климент Охридски“ - Прилеп
УЧЕНИЧКИ И ДРУГИ ОРГАНИЗАЦИИ ВО УЧИЛИШТЕТО
Покрај ученичките оранизации кои се обединети во разновидните
форми на слободните ученички активности, во основното училиште по-
стојат и ученички општествени организации. Според Наставниот план и
програма од 1973 година во основното училиште делуваат: Сојузот на
пионерите, Подмладокот на Црвениот крст и Извидничката организаци-
ја. Од овие организации во нашето училиште постоеле: Сојузот на пионе-
рите и Подмладокот на Црвениот крст.
Сојузот на пионерите е основна организација во училиштето до 15-
годишна возраст.
Целта на оваа ученичка организација беше пионерите да ги подгот-
ви за активен живот и работа во социјалистичката самоуправна заедни-
ца во укажување помош и активности кои што остваруваат посебни вос-
питно-образовни задачи. Еве некои од целите што требало да ги оства-
рува Пионерската организација:
- да развива љубов кон тактовината;
- да го негува братството и единството;
- да ги поттикнува на систематска работа;
- организирано да го исполнува делот од слободното време со игра
и забава и сл.
Секое дете во седмата година од животот, односно во прво одде-
ление, станува член на Пионерската организација. Примањето се врше-
ше, секоја година на 29 Ноември - Денот на републиката, на свечен на-
чин. Тоа се правеше во Универзалната сала на Тутуновиот комбинат.
Учениците, убаво олечени, со „титовка капа“ на глава, црвена шамија
околу вратот, построени по училишта, полагаат заклетва, а потоа се
враќаат секој во своето училиште. Оваа церемонија се одвиваше под па-
тронат на Пионерскиот дом „Мирче Ацев“ Прилеп
ЕК

