Page 84 - su_klimentohridski
P. 84
Основно Учипиште Ј<.пимент Охридски‘ - Припеп
товките на Програмата за работа на ученичките домови во Р Македони-
ја, како и на придружната педагошка документација која следи за реали-
зација на програмата.
Докторирала во Скопје во 2001 година со докторската теза со нас-
лов: „Теоретските проблеми на целта на воспитанието“ и со тоа се стек-
нала со диплома на Доктор на педагошки науки.
Кон крајот на 2003 година е примена на работа на Педагошкиот фа-
култет во Битола, каде и сега работи како доцент по предметите: Педа-
гогија, Предучилишна педагогија, Семејна педагогија, Методика на вос-
питна работа, Теорија и практика на играта како дел од Програмата на
додипломските студии.
Во рамките на постдипломските студии, носител е на предметот
Образовни системи, а учествувала во предметите Микропедагогија, Стра-
тегии на учење и поучување. Во рамките на овој ангажман учествувала
како ментор или член на комисии за одбрана на магистерски трудови
или докторски тези.
Автор е на повеќе научни трудови објавувани во разни педагошки
списанија, а исто така и трудови поднесувани на меѓународни собири од
различен карактер одржувани во Р Македонија. Со свои научни трудови
учествувала и на меѓународни собири како: во Белград (Србија) во 2004
година со трудот „Оспособување на наставничкиот кадар за примена на
информатичката технологија", во Шумен (Бугарија) со трудот „Неопход-
ност од поддршка на родителите“, во Пула (Хрватска) со трудот „Учи-
лиште без слаби ученици - мит или стварност", во 2005 година во Бел-
град (Србија) со трудот „Педагошките предизвици на доживотно учење“
и други.
Покрај ова, својата професионална надградба ја продолжува со ак-
тивно учество во многубројни програми наменети за обука на овој кадар
и на тој начин се стекнала со бројни дипломи и сертификати од повеќе
вакви институции како: од Краков (Полска), од Америка, Лондон (Англи-
ја), како и во рамките на ректоратите на Скопскиот и Битолскиот уни-
верзитет.
Досега издала една книга под наслов: „Педагогија" - учебник наме-
нет за студентите.
Во текот на 2004 година учествувала во подготовката на Национал-
ната програма за развој на образованието на Р Македонија 2005-2015 го-
дина.
Нејзината работа не завршува тука. Покрај тековната работа со
студентите, напоредно течат активностите за обука на директори за по-
лагање на директорски испит, обука на наставници низ Р Македонија во
рамките на проектот Модернизација на образованието, како акредити-
ран обучувач во три програми. Ангажирана е и во рамките на Интердис-
циплинарните студии за јавна администрација во Битола во рамките на
додипломско ниво.
Ш

