Page 87 - su_klimentohridski
P. 87

45 години постоење и развој, (1962163 - 2007/2008)

          Д-р Владимир Караџоски
          Научен соработник во Институтот за старословенска култура во Прилеп

          ттшшт                                           Роден е 1958 година во Прилеп. Завр-
                                                   шил    Гимназија во Прилеп, а потоа Фило-
                                                   зофско-историски факултет во Скопје на
                                                   Наставно-научната студиска група за исто-
                                                   рија. По завршувањето на факултетот во
                                                   1987 година се вработил во Институтот за
                                                   старословенска култура во Прилеп, каде
                                                   што работи и денес.
                                                          Покрај работата се запишува и на псс-
                                                   тдипломски студии. Во 1999 година магис-
                                                   трирал на тема: „Влијанието на традицијата
                                                   врз социо-културниот живот на населени-
                                                   ето во руралната средина /студија на случај
                                                   Прилепско/, на Институтот за социолошки и
                                                   политичко-правни истражувања во Скопје.
                                                   Докторирал на истиот Институт во 2005 го-
          дина на тема „Аграрната магија и нејзиното влијание врз традиционална-
          та култура на селското население во Македонија“ и со тоа се стекнал со
          титулата ДОКТОР ПО СОЦИОЛОШКИ НАУКИ.

                 Учесник е на голем број меѓународни и домашни научни симпозиу-
          ми, собири, конференции и тркалезни маси во земјата и во странство. Во
          домашни и во странски списанија објавил 17 стручни и научни трудови.
          Во локалниот весник „Народен глас“ објавил три прилози за: „Тале Хрис-
          тов - учител и револуционер“, „Прилеп и Прилепско низ минатото“ и ..Ис-
          торија на Охридската архиепископија“.
                 Од стручно-научните трудови ќе наброиме неколку:
                 -  Прилеп и Прилепско во средниот век;
                 -  Занаетчиството во Прилеп некогаш и сега;
                 -  Народна демонологија на Македонците;
                 -  Културата и културните промени на населението во руралните
                   средини и други.

                 Покрај објавените стручни научни трудови, во соработка со други
          автори ги издал и следните монографски трудови:

                 1.  Сто години од загинувањето на македонскиот учител и револу-
                    ционер Тале Христов /1903-2003/;
                 2.  Речник на народната митологија на Македонците во соработка со
                    Танас Вражиновски, Соња Зоговиќ, Владимир Караџоски, Соња
                    Јовановска, Билјана Ристовска-Ризоска /2002/, и
                 3.  Јозеф Обрембски - значаен истражувач на народната култура на
                    Македонците, Танас Вражиновски, Владимир Караџоски, Соња
                    Јовановска-Ризоска /2006/.

                 Сега работи на неколку проекти од кои ќе наведеме неколку:

                 -  Карактеристики и специфичности на културата на Македонските

                                                                                                               ш
   82   83   84   85   86   87   88   89   90   91   92