Page 46 - su_klimentohridski
P. 46

Основно Училиште „Климент Охридски" - Прилеп


              Во далечната 1965/66 учебна година ОУ „Климент Охридски" ост-
       варува соработка со ОУ „Доситеј Обрадовиќ" од Ниш (Србија) За таа
       учебна година за Патронатот на училиштето од училиштето од Ниш
       допатувал и биле гости 90 ученика и 18 наставника.
       ОУ 11 Октомври" соработуваше пак со„Сестре Илиќ“ од Валево (Србија)
       Најчесто тие кај нас доаѓаа на 24 Мај - Денот на просветата поради тоа
       што тогаш со осмите одделенија изведуваа ексккурзија до Охрид, а ние
       ги посетувавме за нивниот Патронат.
              Оваа соработка на двете основни училишта со двете основни учи-
       лишта од Ниш и Валево се одвиваше се до 1978 година. Таа година, два-
       та града, Прилеп и Валево се збратимуваат, а ОУ „Климент Охридски" и
       „11 Октомври" се здружувааат во едно основно училиште. Оттогаш па се
       до осамостојувањето на, ОУ „Клименот Охридски" продолжува да сора-
       ботува само со „Сестре Илиќ“. Таа соработка се одвиваше во взаемна
       размена на ученици и наставници за патронатите на двете училишта.
       Таа соработка беше толку добро примена и од учениците, наставниците,
       но и од родителите на двете училишта, што резултира во 1983 година,
       со потпишување на Повелба за збратимување на двете училишта.






                       т































              Ученици и наставници од двете збратимени сновни училишта на прославата
                                        на 24 Мај -Денот на просветата

             Таа соработка траеше се до осамостојуваањето на Македонија во
     независна и самостојна република.
             Во последно време училиштето соработува со „Браќа Рибар“ од с.
     Табановце, Кумановско, „Коле Канински“ од Битола, „Благој Кирков“ од
     Велес и „Кирил и Методиј" од Свети Никколе. Соработката се одвива
     најчесто преку посети на ученици и наставници за време на Патронатите
     на училиштата.

     П5Г
   41   42   43   44   45   46   47   48   49   50   51