Page 85 - su_klimentohridski
P. 85
45 години постоење и развој, (1962163 - 2007/2008)
Проф. д-р Милан Сапунџиески
Доктор - специјалист по радиологија
Консултант - радиолог во Манчестер (Англија)
Роден е во 1962 година во Прилеп. За-
вршил Гимназија во Прилеп, а потоа Меди-
цински факултет во Скопје. По завршува-
њето на факултетот, се вработил како ле-
кар по општа пракса во Медицинскиот цен-
тар „Борка Талески“ во Прилеп. Работел во
амбулантата во с. Тополчани, во итната ме-
дицинска помош, а во 1991-92 г. работи во
службата за радиологија и ултразвук во
Медицинскиот центар во Прилеп. Од 1992-
96 година специјализирал радиологија на
Медицинскиот факултет во Скопје.
Постипломски студии завршил на Ме-
дицинскиот факултет во Скопје и во 1996 г.
магистрирал на тема: „Пнеумоколон во хи-
потонија за дијагностика на терминален и-
леум и цекоасевдентен колон кај тенкоцревна пасажа“. Ова е прва ва-
ква теза одф областа на радиологија во Р Македонија. Докторирал во
2002 година на Медицинскиот факултет во Скопје на тема: „Тенкоцревна
ентероклиза во радиолошка дијагностика на тенкото црево“.
Бил на специјализација на Универзитетот во Оксфорд, за радиоло-
гија на тенко црево.
Од 2001 -2004 г. бил раководител на Службата за радуиологија при
Медицинскиот центар во Прилеп. Во времето од 200-2002 г. бил едука-
тор за реформите во примарната здравствена заштита на Р Македонија
под покровителство на Светска банка.
Од 2004 г. со семејството живее и работи како консултант радиолог
во Манчестер (Англија).
Досега има објавено десетина научни трудови од областа на радио-
логијата во Македонија и во странство.
Професионално бил ангажиран како член на председателството на
Здружението на радиолози на Македонија. Бил член на Европската асо-
цијација по абдоменална и гастроинтестинална радиологија, како и член
на Европското здужение на радиолози.
Проф. д-р Весна Беличанска - Чешелкоска
Доцент на Техничкиот факултет при Универзитетот „Свети Климент
Охридски" во Битола.
Родена е 1954 година во Прилеп. Основното образование го завр-
шила со континуиран одличен успех и како најдобра ученичка го прет-
ставувала училиштето на многу општински, регионалнуи, републички и
сојузни натпревари по македонски јазик, математика, физика и историја.
освојувајќи многубројни награди.
Гимназија завршила во Прилеп и тоа наместо за четири години, за

