Page 86 - su_klimentohridski
P. 86
Основно Училиште „Климент Охридски' - Прилеп
три, односно трета и четврта година ги завршила во една учебна година.
Во досегашното постоење на Гимназијата „Мирче Ацев“ во Прилеп, само
двајца ученици гимназиското образование наместо за четири години го
завршиле за триЛЕден од тие од двајца ученици е и Весна Беличанец.
Високото образобвание го продолжи-
ла на Електротехничкиот факултет во Ско-
пје каде што дипломирала со висок просек.
По завршувањето на факултетот се
вработила во фабриката „Микрон“ во При-
леп во секторот за развој како референт, а
подоцна и како конструктор. Од 1985 г. се
вработува на Техничкиот факултет во Би-
тола, прво како помлад асистент по пред-
метите: Основа на елктротехниката, Елек-
тротехника и Мерења во електротехника-
та. Подоцна е избрана за асистент по исти-
те предмети.
Во учебната 1986/87 г. се запишува на
постипломски студии на Електротехнички-
от факултет во Скопје. Испитите ги поло-
жила со одличен успех и во 1992 г. ја одбранила магистерската работа
со наслов „Анализа на ЕКГ сигналот со персонален сметач и одредува-
ње на дијагностички параметри", на Електротехничкиот факултет во
Скопје. На истиот факултет во 2003 г. ја одбранила докторската дисер-
тација под наслов „Придонес кон истражувањата поврзани со влјанието
на елктромагнетните полиња врз човековото тело“.
Сега, Весна работи како доцент на Техничкиот факултет во Бито-
ла. Покрај редовната работа на факултетот, таа членува и во Друштвото
за наукла и уметност во Прилеп и во една меѓународна организација.
Досега објавила 18 стручни и научни трудови од областа на елек-
тротехничките науки во разни домашни и странски списанија. Од нив ќе
споменеме неколку:
- Присуството на шум во системот на ЕКГ сигналот и начини на от-
странување на шумот;
- Примена на релаксационата метода за решавање на Лапласова
диференцијална равенка за дводимензионални проблеми;
- Некои основни аспекти на биолошките ефекти на елктромагнет-
ните полиња;
- Квантификација на дејството на нискофреквентното електрично
поле на човековото тело;
- Индуцирани струи во човековото тело од нискофреквентните
електрични полиња и други.
ш

